,, Учењето,хармонијата и просперитетот на учениците од нашево училиште кон посветла иднина

 

            Се стремиме да создадеме училиште со современи услови за работа, едуциран наставен кадар, интерактивна соработка меѓу наставниците, учениците и родителите, примена на нови наставни форми и методи за работа во наставата, училиште со пријатна атмосфера за работа во кое наставникот е максимално мотивиран да работи а ученикот максимално отворен за соработка;

            Изјава на визијата:Нашите ученици да се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да се изградат во здрави и одговорни личности, подготвени за предизвиците на животот, оспособени да го применат стекнатото знаење и вештини. Со позитивно изградените вредносни системи тие да бидат носители на општествено-корисна работа, ценети и пожелни во пошироката општествена заедница.

Цел на визијата: Преку воспитно образовниот процес да се влијае на создавање на здрави личности во поглед на физичкото, менталното и социјалното здравје кои ќе ги остварат обврските на одговорни граѓани.Стекнатите знаења и вештини да бидат трајни и истите да можат да ги применуваат во понатамошното образование и извршување на работните задачи.Остварувањето на визијата, училиштето ќе го овозможи преку стекнување на знаења, вештини и позитивни вредности на личноста.Континуирано ќе работи на остварување на целта на визијата преку учење, критичко мислење, напредување од сите области користејќи ги потенцијални средства со кои располага училиштето и околината.Тие ќе бидат реализирани преку подрачјата за планирање на наставните програми.