Во нашето училиште се реализира велигденска работилница заедно со учениците од петто одделение и децата, од градинката ,,Мајски цвет,, (голема група). На истата се правеа кошнички за јајце и се украсуваа велигденски јакца со декупаж техника.
4/17/25
Предвелигденска хуманитарна акција
Во нашето училиште се оргснизира предвелигденска хуманитарна акција за учениците од социјално загрозени семејства. Им благодариме на сите ученици и родители кои учествуваа во истата.
Работилница по повод Велигден
Во пресрет на Велигденските празници, со учениците од II-ро и V-то одделение кои следат настава по германски јазик, реализиравме работилница со цел да се запознаат со културата, обичаите и прославувањето на Велигден во Германија.
Frohe Ostern
4/2/25
Работилница по повод меѓународниот ден на аутизмот
По повод Меѓународниот ден на аутизмот во нашето училиште се реализира работилница со учениците од петто одделение на тема: ,,Свесноста на учениците со типичен развој за децата со аутизам и создавање подобра средина за работа со нив во редовната настава“
Предавачи:
Ана Стефановска -логопед
Елена Рајкоска - нутриционист и родител на дете со АDHD