9/3/19

ПОВИК

ОУ Елпида Караманди



Коалиција на младински организации СЕГА објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ во Троген, Швајцарија 🇨🇭🇨🇭🇨🇭

✅Период на размена: 📆02.10.-16.10.2019📆 (Датум на поаѓање: 01.10.2019 и Датум на враќање: 17.10.2019)

✅Право на пријавување и учество имаат ученици родени 2006/2007 година кои посетуваат редовна настава во ОУ Елпида Караманди Битола, Основно училиште "Кузман Јосифоски-Питу" - Кичево, ООУ Гоце Делчев Гостивар, ОУ "Крсте Мисирков" Скопје, и ОУ “Христијан Карпош” - Куманово "Hristijan Karposh" Kumanovo.
Кандидатите треба да поседуваат валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 17.04.2020 година.
✅Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории - ученици кои живеат во рурални средини, ученици од семејства кои се корисници на социјална помош/детски додаток, деца без родители, припадници на различни етнички групи, итн. (на увид потребна е потврда). 
✅Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (директна вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
✅Право на учество имаат само кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци.



‼️ Финансиско учество на учесниците за размената: 3680,00 МКД.
*Екскурзиите за време на размената не се вклучени во сумата за финансиско учество.‼️

‼️Пријавувањето на заинтересираните кандидати е исклучиво онлајн со пополнување на “Пријавата за учество” на следниот линк https://tinyurl.com/trogen-SEGA  најдоцна до 08.09.2019 година. 📆 Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју во периодот 11.09.- 18.09.2019 година.📆 


‼️ Интеркултурната размена се спроведува во рамки на проектот: “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.
Цел на размената: Учесниците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на работилници за детски права наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.
⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️⬇️

0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib