4/22/20

Песни по повод Патрониот празник

ОУ Елпида Караманди
    По повод Патрониот празник на нашето училиште вредните раце на нашите ученици нешто напишаа за славната Елпида кое  вреди да се објави и прочита

Елпида Караманди

Јас сум само едно дете
Но неколку важни збора имам
Да ви кажам па ете:
Елпида Караманди, жена, јунак, хероина
Млада како зора, голема како ајдучка
гора,
Замина прерано на јуначки крила,
Наш борец, наша хероина мила.
Својот живот млад го даде
За нас и за нашата младост,
Да имаме мирен и спокоен сон
Да имаме слобода и радост
Јас сум само едно дете,
Но неколку важни збора
Ви кажав запомнете:
Елпида Караманди, жена јунак хероина
Одам во училиште кое името го носи
твое,
Елпида Караманди, наша гордост, ете
тоа е.



Елпида Караманди
 
Еве дојде и тој ден
Ликот нејзин да се слави
Пида беше јака како дрен
И секогаш беше во прв ред.
Другар до другар
Ајде сите во строј
Колона една некаде и две
А сме голем број.
Рамо до рамо одиме во бој
Ах, душмани клети
Многумина зедовме клетва
Ајде да косиме душмани како
жетва
Насекаде нас не има
Да ја одбраниме земјата наша
И сонце и радост да блика



Бисера - Елпида Караманди
 
Бисерен сјај во очите носеше
Храбро сите душмани ги косеше
Твојот поглед пламен
Кој гори од желба за слобода
мила
Низ целата борба те водеше
напред,
Ти даваше сила.
Секогаш на чело од четата
одеше
И народот кон слобода го
водеше
Елпида-храбра девојка
Од ропство што не спаси
Таа ни подари слобода
Бисер што ја краси.



Елпида Караманди
 
Војничка чета се спрема,
млади партизани на рамо пушка
носат смело,
во оган влегуваат врело.
Редови долги со партизани мали,
сите момци стројно одат,
на чело девојка млада ги води,
и гордо со крената глава оди.
Девојка, висока и стројна
на глава капа со петокрака носи,
таа за слобода се бори,
војската во борба
смело ја води.
Елпида мама,храбра вели,
еј горо зелена,дај ми вода студена,
партизани душа да освежат,
наша земја на душмани да не дадат.
На полето бојно
тишина наеднаш екна,
душмански истрел се слушна
и врела крв на земја прсна.
Елпида девојка храбра
на колена рането падна,
младост душманот и скрати
за нејзиниот народ,
од поробувачи да не пати




0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib