4/22/20

По повод Патрониот празник

ОУ Елпида Караманди
Почитувани,

  Денес го одбележуваме Денот на училиштето.
На сите ученици, вработени и пензионери им го честитам патрониот празник на нашето училиште и им посакувам многу успеси во иднина.
Денес одбележуваме два јубилеи, 100 години од раѓањето на нашиот патрон Елпида Караманди Бисера и 40 години од започнувањето со работа на училиштето.
  Во тешки околности опфатени со пандемијата, не можеме да го прославиме празникот како што планиравме. Но со нашата секојдневна работа и посветеност ја искажуваме сета љубов и почит на ликот и делото на Бисера.

Нека ни е честит Денот на училиштето!
Нека е честит и вековит споменот на Елпида Караманди Бисера!

0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib