Министерството за образование и наука
објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на
Национална платформа за учење на далечина
Дигитализацијата на националниот образовен систем во Република Северна Македонија е високо позициониран приоритет во програмата за работа на Владата и надлежните институции во оваа сфера. Тоа е процес кој особено се интензивира во изминатите неколку месеци поради потребата од интервентно делување и вложување дополнителни напори за организирање на непречена формална едукација на учениците во вонредни околности и нетипични услови кои ги наложи појавата на пандемијата со Ковид 19.
Во таа насока, Планот за започнување на учебната 2020/2021 година предвиде изработка на Единствена национална платформа за учење на далечина која треба да им овозможи на учениците и наставниците да учествуваат во далечинско учење, со цел разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование, преку одржување двонасочна комуникација на едноставен и прифатлив начин за сите.
Националната платформа за учење на далечина е веќе изработена и одобрена од пошироката јавност, а особено значајно е позитивното мислење на оние за кои истата ќе биде првенствено наменета. Следен „предизвик“ е избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на платформата, за што Министерството за образование и наука се обраќа и особено ќе ја цени поддршката од учениците, како најголеми корисници на истата.
За таа цел го објавуваме и овој јавен повик, под мото ,,Од учениците, за учениците“.
Повикот е наменет за учениците од основните и средните училишта во Република Северна Македонија, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на платформата, индивидуално или во групи од најмногу до четворица ученици.
Секој ученик, односно група на ученици може да учествува во повикот со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија. Идејните решенија се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември 2020 година (16:00 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за креаторот/креаторите - име и презиме, одделение, училиште и општина и контакт телефон.
Основни технички барања:
Графички предлог за лого и насловна фотографија
Логото треба да биде во векторски формат
Насловната фотографија треба да биде со висок квалитет 10MP минимум
Самостојно авторско дело на сите елементи - доколку се користат дополнителни елементи истите да бидат доставени и како посебни графички елементи.
Препорачани графички формати: .ai, .png;
Препорачани резолуции за лого презентација:
250px x 150px
350px x 75px
400px x 100px
160px x 160px?
Пристигнатите апликации ќе бидат разгледувани од страна на посебна Комисија формирана за оваа намена од страна на Министерството за образование и наука, а најдобрите 5 решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на Националната платформа за учење на далечина на јавно гласање од стана на учениците.
Идејното решение (лого, насловна фотографија и назив на платформата) со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ.
Силно веруваме во креативниот потенцијал на младите во Република Северна Македонија и во нивната желба и подготвеност, заедно со институциите на системот да учествуваат во креирањето на тоа што е наменето за нив. Сигурни сме дека изразениот натпреварувачки дух и овој пат ќе ја поттикне иновативноста и учениците ќе помогнат во избор на најдоброто идејно решение за лого и назив на единствената Национална платформа за далечинско учење.
Секоја идеја вреди!
0 Коментари:
Post a Comment