Оваа локална активност е дел од проектот Рурални Херои, кој е проект финансиран од Совет на Европа, кој има за цел да ги зајакне компетенциите на младите од оддалечените рурални области на Општина Битола и да им помогне да станат активни граѓани и преку стекнување на нови вештини и алатки затоа како да промовираат активно учество и да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Во склоп на проектот Рурални Херои беше имплементиран тренинг курс каде 20 млади лица од руралните средини на Битола и од Битола стекнаа различни компетенции во областите на застапување, активно граѓанство и работа со млади.
Истите обучени млади во наредниот период ќе импментираат локални активности во 5 селектирани села во општина Битола, и ќе ги прашаат младите во тие села како може да се подобри животот на младите во селата во општина Битола.
Локација: Село Цапари Училишен двор
Дата: 21 Септември 2021
0 Коментари:
Post a Comment