2/7/25

Именуван е нов в.д. директор на ООУ „Елпида Караманди“ Битола

ОУ Елпида Караманди

 

    Со решение на Градоначалникот на Општина Битола за в.д. директор, е именувана М-р Емилија Николовска Спировски од  07.02.2025 година. Вработена е во училиштето од 2007 година како одделенски наставник и има  18 години работно искуство во образовниот сектор. Во текот на својот професионален работен ангажман се усовршувала и учествувала на голем број меѓународни научни конференции, симпозиуми, семинари и проекти од областа на образованието.
    Стручноста,  искуството и мотивираноста да се оди чекор напред ќе овозможат нејзино успешно извршување на менаџерската функција во ООУ,,Елпида Караманди" Битола.

0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib